Заев се заблагодари на републичките сили за заштита и спасување кои помагаа во Албанија

од Vladimir Zorba

„Од име на сите граѓани на нашата држава, сакам да упатам неизмерна благодарност кон републичките сили за заштита и спасување, кои координирани од Дирекцијата за заштита и спасување, беа присутни во најпогодените подрачја во Албанија од катастрофалниот земјотрес“, пишува вечерва премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

„Нашата држава е држава на солидарност. Скопјани уште живо се сеќаваат на катастрофалниот земјотрес од 1963. Тогаш со помошта на нациите од целиот свет го изградивме повторно главниот град.

Припадниците на републичките сили за заштита ја заслужуваат нашата највисока почит и поддршка за нивната стручност и храброст“, пишува Заев.

Слични содржини