Заев: Секогаш ќе бидеме рамо до рамо со лицата со попреченост по принципот „ништо за нив – без нив“

Преку видео запис, по повод 3. декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, премисерот Зоран Заев разговараше заедно Спасе Додевски – координатор со Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост и Христијан Стојанов, Вера Апостоловска и Кристијан Лазарев, претставници на лицата со попреченост.

Заев потенцира дека е горд на силното темпо и огромните чекори кои се направени во претходниот мандат и за одржувањето на континуитетот во спроведувањето на најдобрите светски практики за поддршка и вклучување на лицата со попреченост во сите области на социјалниот живот, во здравството, образованието и социјалната заштита.

„Воведовме право за надоместок за лица со интелектуална попреченост. Го зголемивме надоместокот за скратено работно време до 50 % од просечна плата. Секогаш ќе бидеме со овие наши сограѓани рамо до рамо и секогаш ќе бидат директно вклучени во процесите кои се за нив, според принципот „ништо за нив – без нив“, потенцираше премиерот Заев и заклучи дека продолжува да се спроведуваат активности за подигање на свеста за потребите на лицата со попреченост.

Додевски пак, кој е национален координатор за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост вели дека мерките и обврските кои произлегуваат од Конвенцијата се патоказ кон стимулативно рамноправно општество.

Слични содржини