Актуелно
Почетна / Македонија / Заев: Секој е должен да ги унапредува и штити животната средина и природата во својата локална заедница

Заев: Секој е должен да ги унапредува и штити животната средина и природата во својата локална заедница

Секој човек има право на здрава животна средина, но истовремено и секој е должен да ги унапредува и штити животната средина и природата во својата локална заедница, порача денеска премиерот Зоран Заев од ОУ „Панајот Гиновски“ во Бутел каде со владината администрација учествуваше во акцијата „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре”.

-Доследно почитување и практикување на овие принципи претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Се надеваме дека на овој начин ќе влијаеме и на свеста на граѓаните и севкупно врз граѓаните за да успееме да ги сочуваме локациите откако ќе заврши оваа акција, рече Заев.

Премиерот информираше за активностите на Владата кои се во насока на заштита на животната средина, посочувајќи дека за првпат се издвојуваат посебни буџетски средства исклучиво за намалување на аерозагадувањето. Во рамки на тој буџет во тек е спроведување на според него најголемата поединечна инвестиција во историјата на земјата за грижа за животната средина со издвојување на 10 милиони евра за инвертер климите кои ќе ги заменат печките на дрва и нафта во 10 илјади домаќинства во Скопје, Тетово, Битола и Куманово.

Заев потсети и на субвенциите што ги доделува Градот Скопје на домаќинствата и другите субјекти за чистење на оџац, како и за набавката на 562 прочистувачи на воздух во училиштата.

Фото: Борче Поповски

loading...