Заев-Шидер: Благодарност до Австрија за поддршката што ѝ ја дава на нашата држава

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата на Република С. Македонија, Зоран Заев, се сретна со Андреас Шидер, пратеник во Европскиот парламент од Република Австрија.

На состанокот се поздравени политиките на дијалог и е констатирано дека е потребно сите политички субјекти да овозможат ефикасност на Парламентот со цел реализација на реформските процеси важни за европските интеграции, како и решавање на потребите на граѓаните во здравството, економијата и други важни области.

Премиерот Заев информираше дека Владата е силно посветена на владеењето на правото и на неселективна борба против криминалот и корупцијата, како и на почитување на еднаквоста во државата во сите сегменти од општественото живеење.

Претседателот на Владата Зоран Заев, изрази благодарност до Европскиот парламент, земјите членки на Европската унија и до Република Австрија за поддршката што ѝ ја даваат на нашата држава во процесот на евроинтеграциските аспирации на Република Северна Македонија.

Слични содржини