Заев: Штетите од коронавирусот допрва доаѓаат

од Vladimir Zorba

Штетите од коронавирусот допрва доаѓаат од месец април и по буџетот и по компаниите. Сега е доминантна здравствената криза, потоа доаѓа економската криза, посочи претседателот на СДСМ Зоран Заев на гостувањето во дневникот на ТВ Сител.

Заев посочи дека очекувањата за наплатата на приходите се помеѓу 30 и 40%, а тоа значи дека околу 60% ќе недостасуваат и не можат да се наплатат, со оглед на тоа дека луѓето се дома, потрошувачката е намалена, угостителството не функционира, фабриките делумно работат. А 60% се 2 милијарди 200 милиони евра. Барањата по основ на кредитеи ни се околу 1 милијарда и 200 милиони, а досега понудени се само 600 милиони евра.

Во однос на тоа дали државата доцни со барањето на помош, Заев посочи дека не станува збор за никакво доцнење ,процедурата е започната на почеток на месец март, но со оглед на тоа дека ниедна земја не е поштедена од вирусот, помош бараат и други земји и многу поголеми од нашата.

Тој истакна дека навремено биле известени и побарано помош од ММФ, Светска банка, Европска инвестициона банка, Европска банка за обнова и развој како и приватните банки, од кои се очекуваат околу 400 милиони евра.

Слични содржини