Заев: Силно верувам дека и Грција ќе го ратификува Договорот од Преспа

од desk4

По големата одлука во нашиот Парламент ги разбивме сите дилеми и си потврдивме дека заедно ја движиме нашата земја во иднината што ја посакуваме, македонска држава,  како држава на европското семејство и членка на НАТО, кои не прифатија како Македонци со свој идентитет и со своја гордост, земја во чиј идентитет се вградени и идентитети на сите нејзини граѓани, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и сите други кои живеат во нашата Македонија.

Ова го истакна премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција по вчерашното изгласување на измените на Уставот за спроведување на Договорот од Преспа, потенцирајќи дека со одлуката за измена на Уставот започна спроведувањето на македонско-грчкиот договор за членство на Република Македонија во НАТО и во ЕУ.

Уставните измени за Договорот од Преспа што беа изгласани вчера во Собранието  денеска ќе бидат објавени во Службен весник на РМ, по што според премиерот Зоран Заев на почетокот на следната недела македонското Министерство за надворешни работи  ќе испрати нота до грчкото МНР за да ги известат дека е завршен процесот.

– Договорот стапува во сила откакао ќе биде ратификуван во грчкиот парламент. За меѓународна употреба стапува веднаш, за домашна употреба со отварње на поглавјата не повеќе од пет години е опишано детално. Но дефинитивно, тоа е решението кое го прифативме и кои ги отвора перспективите на целиот наш народ и нашата земја, рече Заев меѓу другото и додаде оти не е потребен потпис од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов.

Овие денови, потенцираше Заев, заедно со нашиот пријател Грција ќе ги отфрлиме изолацијата и недоразбирањата и заеднички ќе го потврдиме историскиото решение. – Убеден сум дека  и пратениците во грчкиот Парламент ќе ја препознаат и нивната голема улога во овој историски момент.  Силно верувам дека нашиот пријател Грција ќе го ратификува Договорот од Преспа и ќе биде првата земја која ќе го потпише протоколот од НАТО, а потоа ќе ги поведе останатите земји членки на Алијансата за да бидеме 30. земја членка на НАТО,  рече Заев.

Со решавањето на спорот со Грција, истакна Заев, веќе немаме ниту едно отворено прашање, со ниту еден сосед.

Одговарајќи на новинарски прашања нагласи дека сериозно ќе размислат за барањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Кристијан Мицкоски за предвремени парламентарни избори.

– Мојот став го знаете. Македонија треба да го искористи ова пред се за економија, реформи, да го средиме нашиот систем и да бидеме нормнална земја. Сите знаат, знам и јас, и господинот Мицкоски, тоа што го бара моли бога да не се случи. Но бара првиот човек на опзоицијата. Затоа сериозно ќе размислиме и ќе го отвориме најбрзо во највисоките органи  и тека на СДСМ, ќе го отвори СДСМ ова прашање, следуават претседателски избори и  евреднио за размислување како прашање затоа што не сакаме да оставиме каква било трага на пренемагање, уцени или што било во општетсвото, рече Заев.

Апелираше до опозицијата постојано да повикува на одговорност од власта, да го испорача тоа што е ветено, но да заборават на опструкции. – Не го попречувајте прогресот. Не можете повеќе да ја избегнувате вашата одговорност кон земјата. Бидете дел од новите поглавја во македонската иднина, рече меѓу другото Заев.

Тој се заблагодари на секој пратеник за, како што рече, оваа голема и одговорна одлука. Знам, наведе, колку беше тешко да се направи тоа, ја чувствувам и ја разбирам и горчината, но и гордоста на секој граѓанин од огромното мнозинство за одлуката да се прифати овој исчекор за доброто и иднинатата на нашата земја и на нашиот народ.

– Горчината ја оставаме во минатото и со гордост гледаме во иднината напишавме историја и ги отворивме новите  бели страници на нашата иднина за испишување на нова реалност, новата перспектива на Република Северна Македонија  земја членка на европскотото и евроатлантсткото семејство, рече Заев.

Тој посочи дека сега е време за промени за да се обезбеди подобар живот за сите граѓани, растечка екеномија, подобри плати, подобар здравствен систем, социјална правда и правен систем во кој ќе имаме доверба. Позитивни промени и подобрувања, потенцира Заев очекува од сите министри, градоначалници и на сите одговорни поединци во јавната админситрација им порача оти неговите очекувања се да работата поефикасно и пофокусирано, за да се направи животот на граѓаните подобар. – Испорачајте, граѓаните нема да прифатат какви било одоговлекувања, нема да прифатам ниту јас, е пораката од премиерот Заев.

Сите заедно, побара Заев, треба да се спротивставиме на корупцијата, изразувајќи  очекување Собранието да ги донесе законските измени за Антикорупциската комисија, со кои ќе се добие силно, независно регулаторно тело кое, рече, пркоси на секој функциониер, поединец или организирана група кои имаат намера да стакнуваат корист врз грбот на граѓаните.

На прашањето од новинарите во однос на правниот систем, според Заев,  правниот систем веќе испраќа сериозни пораки за враќање на правдата во државата.

–  Затоа по цена на политичкиот ризик тргнавме преку политичкиот систем, Влада и Парламент. Амнестијата таму ја донесовме. Знаете дека тоа носи одговорност и негативни поени за политичарите и за мене и за Владата. Но, не дозволивме да се чепне во правниот систем. Убеден сум дека во целата оваа постапка може да се издигне, да се постави нашиот правен систем, рече Заев и ги охрабри сите во судството, во обвинителството да делат правда.

Премиерот Заев испрати и порака до граѓаните на Грција дека Договорот е договор за пријателство, со што се отвораат огромни перспективи за сите, а Грција повторно станува, подвлече, еден од највлијателниот партнер во целиот регион, а со договорот се придонесува за траен мир и стабилност, како и економски просперитет.

Слични содржини