Заев: Сме покажале голема почит кон Бугарите, продолжуваме со европеизацијата

од Nikola Popovski

„Тоа е работа на ЕУ, кога ќе се решат, нека ни се јават. Ние продолжуваме со европеизацијата овде“, изјави премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира вчерашната изјава на бугарскиот претседател Румен Радев кој рече дека не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест.

Тој нагласи дека нема да му реплицира на бугарскиот претседател преку медиумите.

„Ние сме пријателски земји. Сме покажале респект кон нив и кон сите други малцинства во земјава и сите во светот зборуваат за нашиот пример. Ние насекаде, јас, Пендаровски, Талат Џафери, Османи сме се појавувале на настани на бугарски здруженија и сме ги почитувале. Пораката што треба да се испрати е дека младите треба да се сакаат и да си помагаат, да нема поделби меѓу нас“, истакна премиерот.

Радев, како што пренесуваат медиумите, вчера истакнал дека Бугарија во принцип и доследно ја поддржува европската перспектива на регионот, која, сепак, не треба да биде ограничена на формални фази во процесот на пристапување и не може да им наштети на интересите на земјите-членки на Унијата и нејзините вредности.

Во врска со напредокот во европската интеграција на Македонија, шефот на бугарската држава изјавил дека очекува јасна политичка волја од нашата земја за спроведување на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, потпишан во 2017 година.

Слични содржини