Заев: Со Бугарија ќе продолжиме да бараме европско решение што ќе овозможи двојна победа

од Берта Китинска

Со генералната директорка за Западен Балкан во Службата за надворешна политика на ЕУ Ангелина Ајкхорст, со нејзиниот заменик Марко Маковец и со шефот на Делегацијата на ЕУ во нашата земја Дејвид Гир, имавме работна средба на која разговаравме за актуелниот момент поврзан со членството на Северна Македонија во ЕУ и за состојбите во регионот, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил.

-Со заменик претседателот во Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, потенциравме дека ќе биде клучно Самитот на ЕУ со Западниот Балкан да даде јасна порака за европската иднина на регионот, но уште поважно, ЕУ да ја имплементира одлуката од март 2020 со што Северна Македонија ќе ги започне пристапните преговори. Со соседна Бугарија и понатаму ќе продолжиме да бараме европско решение што ќе овозможи двојна победа.Нашите соговорници уште еднаш ја изразија поддршката на Брисел верификувана и од одлуката на Европскиот Совет дека Северна Македонија и ЕУ треба да ја одржат првата меѓувладина конференција од тој процес, напиша Заев.

Слични содржини