Заев со честитка до Еди Рама

од Andreja Salpe

Премиерот Зоран Заев му ја честиташе победата на лидерот на албанските социјалисти Еди Рама, со која тој обезбеди трет последователен мандат.

– Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, победата на Рама му ја честиташе на албански јазик, пренесуаат албанските медиуми, наведувајќи дека Заев е меѓу првите кои му ја честитата убедливата победа.

Потсетуваат дека Заев преку видеопорака ги повикал Македонците и дугите граѓани во Албанија да гласаат за Социјалистичката партија и за кандидатот Васил Стерјовски, лидер на Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ), кој беше на кандитаската листа на оваа партија во округот Корча.

Посочуваат исто така дека „двајцата лидери имаат голем придонес во унапредувањето на билатералните односи и соработка во интерес на граѓаните на двете земји“.

Социјалистичката партија на неделните избори освои 74 од 140 пратенички мандати колку што брои албанскиот парламент.

Победата на Рама му ја честитале и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, италијанскиот министер за надворешни работи

Ди Маио и лидерот на италијанската опозиција Матео Салвини. 

Слични содржини