Заев со двојно поголема гледаност од Мицкоски на „Еден на Еден“ (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Гостувањето на лидерот на СДСМ и експремиер, Зоран Заев на забавното шоу „Еден на Еден“ со поголема гледаност од истото на лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, дознава Локално.

Според бројките, просечниот број на гледачи во минута (AMR) на шоуто во кое учествуваше Мицкоски е 85,365 додека кај Заев се 145,635.

Во однос на бројoт на гледачи кои го гледале барем една минута ТВ каналот во кои учествувале двајцата (RCH), лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го следеле 192,778, додека претседателот на СДСМ – 248,059.

Заев во вчерашната емисија со Жаре зборуваше за детството во Муртино и својата прва работа и првите заработени пари.

Раскажа и дека живее сам во Скопје во премиерската вила.

„Живеам како студент од Струмица во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жени што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да спржам. Јадам што ќе најдам во фрижидерот, паштета, салама, виршли“!, се пожали Заев.

Мицкоски во емисијата, која се емитуваше пред еден месец зборуваше за неговото семејство, сопругата и синовите, а раскажа и приказни од тоа како почнал да работи.

„Првиот ден кога отидов на работа, среден, стокмен, шефот ми дава метла и ми вели: Ајде да го изметеш дворот. Денот си го завршив професионално. Метев цел ден“, раскажа Мицкоски за своето прво работно место.

Слични содржини