Заев: Со еколошката такса, останува да имаме најевтина нафта во Европа

од Nikola Popovski

Деновиве ќе се разгледаат сите можни опции, поради тоа што е поврзана со зелената агенда, која е преокупација на ЕУ, изјави премиерот Зоран Заев денес на прес-конференција, за тоа дали Законот за еколошката такса ќе се носи со европско знаменце.

Според него, не постојат основи за коренспондивни табели, односно нема директива и регулативи, но со европската агенда е поврзана.

„Верувам дека парламентот ќе изнајде начин и вака или онака да се донесе законот. Со еколошката такса, нафтата останува најевтина од било која друга земја во Европа“, потенцира Заев.

Воведувањето на таксата, како што кажа, доаѓа во момент кога се намалува и претходно зголемената акциза затоа што во моментов цената на нафтата е 597 долари по барел, а штом стигне до 600 веднаш се укинува дополнителната акциза од два денара.

„На тој начин се случува една своевидна компензација. Придобивките од воведувањето на еколошката такса се огромни, со нив фаќаме чекор со сите модерни и демократски земји кои водат грижа за здравјето на својот народ и создаваат еколошки фондови кои ќе бидат неопходни заради заштита на здравјето, воздухот и сите други еколошки аспекти на живеачката“, рече Заев.

Слични содржини