Заев: Со кого ќе коалицира ВМРО-ДПМНЕ ако најавува поништување на Преспанскиот и Охридскиот договор?

од Nikola Popovski

„Сакам да го прашам јавно господинот Ахмети и неговите носители кога директно се фокусирани да сработат нешто за македонските средини. Заев работи и за албанските и за бошњачките и за српските, турските и сите средини. Не смееме да дозволиме повеќе лажни и скриени политики“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој додаде дека на 15-ти јули кога ќе се затворат гласачките кутии, тие ќе имаат 8 добитни пратенички места разлика.

„Во нашата листа влегуваат и Албанците, како што влегуваат и Македонците. Новото парламентарно мнозинство ќе има соодветна застапеност на етничките припадности на сите“, вели Заев.

Тој запраша со кого ќе коалицира ВМРО-ДПМНЕ ако изјавуваат дека ќе го поништат Охридскиот, Преспанскиот и Договорот со Бугарија.

„Во нивната програма повторно ќе ја враќа „Чиста Македонија“. Со кој ќе коалицираат тие, тие се изгубени уште пред да почне кампањава“, прашува Заев.

Слични содржини