Заев: Со кризата ќе се справиме подобро од сите земји во регионот

од Aleksandar Todeski

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во емисијата Клик Плус вели дека буџетот пред кризата бил ликвиден и стабилен. Тој додава дека растот бил солиден и буџетот бил издржлив, па од тука држава може да ја издржи кризата.

„Државата финански стабилно ја пречека оваа криза. Јас мислам дека од сите земји во соседството ќе бидеме поспремни и од сите земји по глава на жител ќе дадеме поголема поддршка“, рече Заев.

Тој истакнува дека се очекува државата да располага со 100 милиони кои директно би се вбризгале во компаниите.

„Размислуваме за одложување за плаќање на данокот, секако колку што може да издржи државата. Очекуваме во септември да излеземе од кризата, можеби оптимистички, а очекуваме веќе во април да имаме граѓани кои ќе бидат излечени, за да можеме да се осврнеме кон економскиот импакт“, вели Заев.

Лидерот на владејачката партија истакнува дека се следи економската ситуација, додавајќи дека верува дека државата ќе биде позитивен пример.

Слични содржини