Заев со оптимистички прогнози: На 23-ти јуни можно е да ја имаме првата меѓувладина седница

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев денес изјави дека ќе се изнајде конечно решение за спорот со Бугарија, затоа што според него, португалскиот предлог од министерот Силва е добра основа за тоа.

„Ако успее, веднаш на 23 јуни треба да ја имаме првата меѓувладина седница“, изјави Заев.

Премиерот уште еднаш потенцираше дека Европа ни должи многу, но повтори дека црвените линии се јазикот и идентитетот..

„Навистина ако сме пријатели, јас често кажувам и браќа. Браќата меѓу себе си помагаат, браќата помеѓу себе си подаваат рака, имаат разбирање еден за друг. Затоа и многу често кога зборуваме, кажуваме дека историјата да, важна е, треба да ја оставиме на историчарите, ние треба да ја потпомогнеме. Но, го кажав тоа во еден наврат, ќе го повторам. Вратите на историјата треба малку да ги подзатвориме од аспект да дадеме шанса за иднината. Отворајќи ги прозорците на иднината оти ќе се створи промаја ќе ни ја оддува сегашноста“, рече Заев.

Слични содржини