Заев: Со примената на терапија за коронавирусот се намалува бројот на денови за лекување

од Vladimir Zorba

Лошо и страшно е секаде во светот па и кај нас, коронависрусот не затече и жалам што светот нема доволно капацитети да се справи, но среќен сум што институциите покажаа спремност, граѓаните веруваат во нив и така треба, затоа што само така ќе ја пребродиме кризата. –истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на Дневникот на јавниот сервис.

Тој изрази голема благодарност на сите здравствени работници, полициските службеници, армијата и службата во МНР , сите служби кои даваат се од себе, се со цел подобро да се справиме со ситуацијата предизвикана од коронавирусот.

Претседателот Заев посочи дека Министерството за здравство предводено од министерот Венко Филипче и тимовите кои работат покажаа голема транспарентност, подготвеност, смиреност и отвореност што воедно има огромно значење во справувањето со ситуацијата, а со тоа изгради доверба од страна на граѓаните. Секако дека бројката од 201 заразени и 3 смртни исходи се поразителни , но треба да бидеме подготвени и на бројка од околу 2000 лица што е просек на заразени и излечени, истакна претседателот Заев.

Чувајќи се себе си ги чуваме и нашите повозрасни лица, кои се понеотпорни на болеста. Секако за поздрав е примената на соодветна терапија за лекување со што се намалуваат деновите на лекување и со тоа ќе се растерети здравството. Многу е важно дека ќе има повеќе шанси за спасување на животи. –посочи Заев.

Слични содржини