Заев: Со самото тоа што не се согласувам со Русковска е доказ дека таа не работи под моја директива

од Берта Китинска

Секој е невин додека не се докаже спротивното, рече премиерот Зоран Заев на денешните пратенички прашања во Собранието, откако пратеникот Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ го праша  за случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.

„Не точно дека сум кажал дека не ги почитувам законите. Самото тоа што постапувам вака спротивно на Oбвинителството, како и во случаите за Јанкулоска и Јанакиески за тоа дека притворот не може да биде казна, како што и сведочев спротивно на обвинението на Русковска, и реков дека луѓето кои ги гони не се организатори на 27 април, е потврда дека Обвинителството работи самостојно, а не да постапува како што тоа ќе го нареди премиерот.Денес граѓаните ги знаат сите докази преку јавните седници кои може да се следат онлајн. И јас како премиер имам прав кога е слобода, тоа важи и за мене, секако знаејќи ја мојата улога во општеството и својата функција. Не морам да се согласувам со обвинителката Русковска, но крајниот збор секако го има судот, одговори Заев.

Слични содржини