Заев: Со секое отворање на поглавјата од преговорите со ЕУ црпиме европски фондови, со што ќе се унапреди животот на граѓаните

од Nikola Popovski

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев од Граѓанската трибина на коалицијата „Можеме“ во Гевгелија изјави дека борбата за власт не смее да биде гола флоскула и репер по кој што граѓаните треба да ги мерат политичарите.

„Докажав дека оваа моја битка во политиката не е гола борба за власт. Носев одлуки без да калкулирам ни за личен рејтинг, ни за политички рејтинг. Носев одлуки кои што можеле, ама не ги донеле многу политичари пред мене. Имавме храброст кога се носеа одлуки со дво-третинско мнозинство, имавме храброст кога ги укинавме квотите за лековите или кога требаше да донесеме одлуката за зголемување на социјалната помош на граѓаните од 3000 ден на 11 700 денари“, вели Заев.

Според него, власта успеала да ја дигне економијата од рецесија од минус 1,8 на 3,6 проценти, што е раст од 5,4 проценти.

„Покажавме дека има пари и враќавме пари назад кон граѓаните. Еве во септември ќе се отворат првите поглавја од преговорите со ЕУ. Со секое отворање на кластерите на поглавјата црпиме европски фондови, кои што ќе го унапредат стандардот и животот на граѓаните. Тоа е борбата за Европа, за поквалитетен живот, за тука да останеме сите“, соопшти Заев.

Слични содржини