Заев со сопругата Зорица ги бодрат македонските фудбалери (ФОТО)

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев со сопругата Зорица го следат историскиот наптревар меѓу Македонија – Австрија кој се одржува во Букурешт.

„Ви посакуваме среќа, успех и храбра игра“, им порача Заев на македонските фудбалери.

Покрај премиерот на трибините се и министрите Бујар Османи и Крешник Бектеши се на трибините на стадионот во Букурешт.

„Министерот за надворешни работи на Романија, мојот пријател Богдан Ауреску ме пречека пред стадионот во Букурешт каде што нашата репрезентација пишува историја!“, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Владината делегација денеска со владиниот авион пристигнаа во Будимпешта.

Слични содржини