Заев: Собранието не треба да носи резолуција или декларација како одговор на бугарската страна на меморандумот

од Nikola Popovski

Премиерот Зоран Заев денеска ја повика Бугарија на пријателство и почитување на Договорот за добрососедство, од кој произлегуваат обврски и за двете страни.

„Секако дека сме информирани, кога стигаат информациите до Европската комисија. Очекуваме прва меѓувладина седница на крајот на годината, дотогаш со пријателска Бугарија имаме заедничко организирање односно сме домаќини на Берлинскиот процес, верувам дека во целиот овој период ќе продолжат разговорите, од комисијата продолжуват, но ќе продолжат и од политиката, за изнаоѓање решение“, рече Заев и додал дека Владата ќе продолжи во пријателски дух и ќе остане внимателна во целиот наратив.

Заев, за разлика од шефот на дипломатијата Бујар Османи, потврди дека Владата била информирана од ЕК и од земјите-членки за забелешките од Бугарија на преговарачката рамка, за што смета дека до почетокот на преговорите, кон крајот на годината, и на политичко ниво меѓу двете земји, но и во Комисијата за историски прашања ќе се бара решение по ова прашање.

„Не сметам дека треба Собранието со резолуција или декларација да и одговори на бугарската страна на меморандумот. Убеден сум дека само позитивен пристап ќе доведе до решение добро и за Макеоднија и за Бугарија“, вели Заев.

Тој и порача на Бугарија дека тврдењата и изјави кои содржат навреди не водат кон вистински пријателство и ја потсети дека соработката е двонасочна улица

Германската амбасадорка во земјава, Анке Холштајн порачала дека во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира овој процес.

„Ние и според моите сознанија сите други земји членки се на мислење дека билатерални проблеми не треба да се ставаат во преговарачката рамка и дека билатералните проблеми треба да се решаваат билатерално. Бугарија секогаш беше голем поддржувач на европското придвижување на регионот, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Во суштински интерес на Бугарија е да не се блокира процесот за проширување на Европската Унија во овој регион“, истакнала амбасадорката Холштајн во интервјуто за Слободна Европа.

Слични содржини