Заев: Срамота е 19 години да немаме попис, не може да се бара отпечаток од прст кога се попишуваат и малолетни лица

од Nikola Popovski

„СДСМ и ДУИ остануваат во целосно согласни за спроведување на пописот. Срамота е 19 години да немаме попис и не смееме ништо друго да помислиме освен успешно спроведување, кое што е должност на сите граѓани да го поддржат максимално“, вели премиерот Зоран Заев на новинарско прашање, како ќе ја коментира изјавата на пратеникот на ДУИ, Арбер Адеми дека нема да го признае резултатот доколку Албанците се под 20 отсто.

Според него, опозицијата е неодговорна во спроведувањето на онлајн работа на Парламентот за Законот за попис, затоа што според него, треба да се изгласа што побрзо.

„Не можете да барате отпечаток од прст кога се потпишуваат малолетни лица, тие немаат отпечатоци во МВР, не можете да барате копија да ви се остави од пописниот материјал. Се ќе биде електронско“, изјави Заев.

 

Слични содржини