Заев: Србија има лидер кој нема да дозволи радикализам на Балканот

од Берта Китинска

“Вучиќ ги доби последните избори и во повеќе наврати покажа што значи да се соработува со различните од себе. Тоа што Вучиќ коментира со доза на алармантност по однос на извесен раст на крајно десните партии, а при тоа ги добива изборите, е добар показател дека Србија сепак има лидер кој нема да дозволи нов радикализам на Балканот.”- изјави Зоран Заев во интерјуто за грчкиот портал Ајидисис.

“Немојте така лесно да им пресудувате на левичарите. Не така одамна Грција избра левичарска Влада. Албанија има левичарски премиер веќе трет мандат по ред. Северна Македонија има веќе трета влада по ред од редовите на социјал-демократите. Шпанија исто така. Владата во Германија ја водат социјал-демократите. Во Црна Гора падна владата која не беше социјал-демократска. Хрватска има претседател од СДП. Словенија исто така. Бугарија има премиер кој е демократ, а не е крајна десница.”- вели Заев и дополнува:

“Не очекувајте од социјал-демократите да станат режимски послушници и да почнат да креираат фарми со ботови кои шират лажни вести. Не, јас се противам на тоа. Но, ве уверувам дека може да очекувате консолидација на демократскиот блок, во што левичарите ќе имаат водечка улога. Очекувајте дијалог, но и одлуки и акции. Учиме од грешките и бидете сигурни дека левичарите нема да седат и да дискутираат бескрајно додека крајната десница ја загрозува безбедноста. Не, светот се промени, а особено регионот. Ние на Балканот денес добро знаеме дека мирот ни е многу скапоцен и дека нема да дозволиме некој туку така да го загрози.”

Слични содржини