Заев: Србија ни понуди помош од 8000 вакцини од компанијата „Фајзер“

од Nikola Popovski

„Утрово разговарав со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и тој ни понуди помош од 8000 вакцини од компанијата „Фајзер“. Ние ја прифативме помошта. Во текот на денешниот ден ќе ги утврдиме деталите и за другите вакцини што ќе добиеме од нашиот северен сосед. Иако Вучиќ сакаше ова да биде донација, сепак се договориме да ги платиме по набавна цена. Првите вакцини ќе бидат за здравствените работници, за семејствата кои имале член позитивен на Ковид-19, хронично болните лица“, изјави денес премиерот Зоран Заев.

Тој упати голема благодарност до српските власти и народ и смета дека ова е сериозен чин на пријателство.

Заев потсети дека во тек е постапката на потпишување договор за 800 000 вакцини од Фајзер, кои ќе пристигнат во земјава во текот на оваа година и ќе бидат доволни за 400 000 граѓани. Првите вакцини од оваа компанија се очекуваат веќе во февруари.

Слични содржини