Заев: Стевчо Јакимовски ги има сите колекции на партиски книшки

од Nikola Popovski

Да не дозволиме да ги излажат ниту младите, ниту постарите, ниту средните генерации. Не може младите да му веруваат на 61 годишниот Стевчо Јакимовски со сите колекции на партиски книшки во него, наместо на 36 годишниот Душко. Не може Душко којшто има и светско и европско искуство помалку да се залага за младите од еден Стевчо Јакимовски, не ни е непознато на нас кој е кој, рече вечерва премиерот и претседател Зоран Заев на средба со граѓаните во општина Карпош.

Во однос на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Заев вели дека имал работа и со Груевски и со него, но „Мицкоски е три пати полош од Груевски“.

-Тој работеше со него и прими се од него. Веројатно карактерот e така оформен, со делот на неговиот раст и развој како личност, па затоа денес гледаме тепање, омраза, клевети, навреди, истакна Заев од Карпош.

Слични содржини