Заев: Тие зборуваат за нашиот идентитет, а Блаже Конески го нарекуваа „џуџето од Небрегово“

од Nikola Popovski

„Патриот е тој што дава повисоки плати, што ја гарантира Европа и перспективите на младите и децата. Успаеавме да покажеме дома и пред целиот свет дека не сме ист како нив“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Централната трибина на коалицијата „Можеме“ во Скопје.

Според него, низ вековите и децениите се развлекувало лажното и патриотското ткиво кое влече назад.

„Само за власт, само за моќ, само за пари, за ништо друго. Поставија споменици на издајникот на македонските војводи. Денес во Кисела Вода го видов Тодор Александров кој го предал Ѓорче Петров. Основоположникот на македонскиот јазик, Блаже Конески го нарекуваа „џуџето од Небрегово“. И после се ова тие зборуваат за нашиот идентитет“, рече Заев.

Тој е категоричен, НАТО е правиот пат и преговорите со ЕУ се нашиот пат.

„Зошто ДУИ да не биде опозиција. Не може ДУИ да ја крене економијата оти немаат е од економија во својот капацитет. Не може ДУИ да го реформира образованието, затоа што не ги интересираат младите и иднината. Оваа шанса е неповторлива, нема веќе Грција и Бугарија, нема веќе Македонци и Албанци во државата. Ќе има јакнење на економските капацитет на сите семејства во државата“, изјави Заев.

Тој повтори дека првата работа со која ќе се справат во новата Влада ќе биде комплетно прочистување на правосудството, и на судството и на обвинителите.

 

Слични содржини