Заев: Унгарската влада му помогна на Груевски да избега од С. Македонија

од Nikola Popovski

„Не е вистина дека Северна Македонија падна на најниското место на листата за корупција на Транспаренси интернешнл и дека не се гони високата корупција меѓу актуелните и поранешните функционери“, вели премиерот Зоран Заев, во интервју за емисијата „Конфликтна зона“ на Дојче веле.

Според него, унгарската влада му помогна на Груевски да избега од земјава и му даде дозвола за престој во Унгарија.

„Тоа се коси со меѓународното право. Ние сега бараме легален начин како да го вратиме назад за да си ја отслужи затворската казна. Сепак, многу други екс-министри се во притвор или веќе отслужуваат затворски казни, дури и од актуелната влада. Луѓе блиски до оваа влада се гонат пред судовите, или се веќе во затвор“, изјави Заев.

Слични содржини