Заев утре ќе држи владина седница во Битола

од desk2

Владата својата редовна нова седница ќе ја одржи утре во Битола, поточно во зградата на Општина Битола. Како што велат од Владата, на оваа седница приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните кои живеат во општините од југозападниот дел од Македонија.

 

„Со оваа прва седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата, ќе претседава претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, и на неа ќе присуствуваат сите министри во Владата, а како гости ќе учествуваат и градоначалниците од Пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар“, соопштија од таму.

Слични содржини