Заев: Високото образование е меѓу приоритетите на Владата

од Nikola Popovski

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев попладнево го прими директорот на Агенцијата за квалитет на високото образование Агим Рушити, a на средбата присуствуваше и советничката за образование на премиерот Заев, проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова.

На средбата, премиерот Заев беше информиран за досегашната работа на Агенцијата за квалитет на високото образование, во рамките на која функционираат и одборите за акредитација и евалуација во високото образование.

Директорот Рушити го презентираше начинот и принципите на кои функционираат одборите, нивната работа, но и предизвиците со кои се соочува Агенцијата.

На средбата беше потврдено дека се работи на доекипирањето на Агенцијата за квалитет на високото образование, како и на брзо формирање на Националниот совет за високо образование, што ќе придонесе за непречено и квалитетно функционирање на Агенцијата за квалитет на високото образование.

Слични содржини