Заев: Владата ќе ги употреби сите клучни алатки во војната против лажните вести

од Vladimir Zorba

Премиерот Зоран Заев на својот Тњитер профил објави линк до извадок од документарниот филм на Би-Би-Си за креаторите на лажни вести од Велес, кои светот ги осуди како штетни и деструктивни.

„Владата на Северна Македонија се спротивставува на дезинформациите во земјата. Претставивме сеопфатен нацрт-план за борба против дезинформациите. Отворени сме за соработка со сите заинтересирани сојузници.

Секоја демократија има обврска да им стави крај на дезинформациите, злоупотребата на информациите или злонамерните информации што ѝ нанесуваат штета на политичката атмосфера или шират конфузија и недоверба кај јавноста.

Медиумската писменост, поддршката на проверката на фактите, едукацијата на граѓаните за лажните вести, поддршката на саморегулирањето на медиумите се клучни алатки во војната против лажните вести. Зголемувањето на платите и зголемувањето на вработеноста ќе го запре учеството на младите луѓе во креирањето содржини што се лажни вести.

Ние ги поддржуваме платформите на социјалните медиуми да продолжат да работат на изнаоѓање одржливи решенија што ќе го сопрат ширењето лажни вести на социјалните медиуми. Соработката и комуникацијата со владите се важни“, пишува Заев на Твитер.

Слични содржини