Заев: Владата може да води напред само ако и Скопје влече напред

од Nikola Popovski

Да излеземе и да гласаме за нашите села и градови, за нашата земја, да продолжат да се движат напред. За сите наши градови. Не заборавајте, во вториот круг сме во 40 општини меѓу кои и во Градот Скопје. Скопје ја влече земјата напред. Скопје е наше, на сите. Пред се на скопјани, но и на сите други, на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Ромите, Власите, Бошњаците и другите… на сите кои живеат, но и сите кои поминуваат низ него. Нема напредок ако Скопје продолжи назад, рече премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во седиштето на владеачката партија на „Бихаќка“.

Toj потенцира дека „владата може да води напред само ако и Скопје влече напред“.

-Така бидува напредок, така бидува развој, констатира Заев.

Според него, поддршката за СДСМ значи поддршка за градење патишта и сообраќајници, училишта, градинки, гасоводи, а не за шпански скали, споменици, галии и барокни фасади.

На новинарско прашање дали со ова најавува дека ако е кандидатот на СДСМ, Петре Шилегов, не победи во Скопје, нема да функционира Владата повеќе, Заев рече дека тој не може да води влада, а да се движи во различни правци со главниот град.

Слични содржини