Синоќа Заев го затвори Кампот на слободата, пред Владата на РМ. Еве го неговото обраќање kako лидерот на опозицијата и на СДСМ:заев к

Дозволете овде се едни од најзаслужните граѓани од нашата Македонија кои треба да ги знаат сите детали на овој преговарачки процес додека вие крепевте, ја дававте силата којашто ни беше неопходна мудро да носиме одлуки да правиме исчекор силен кон толку долго очекувана слобода и демократија во Македонија.

Овој камп еве денеска веќе опстојува 60 дена. 60 дена симбол на слободата. 60 дена го сврти вниманието на целиот свет како на гандиевски на мирен ненасилен начин се чекори кон успехот за толку посакуваната драгоцена слобода. Слобода за нашата земја.

Почитувани пријатели,

11717329_10153558002547932_227276313090172738_o

Овде се најупорните луѓе, луѓе кои оставија семејства, беа овде цели 60 дена, се со конечна цел, да покажат какви сме, дека си ја сакаме Македонија. Но, пред се знаеме да се избориме за Македонија по пат на мирољубиви средства, по пат на трпение, по пат на внимателност, по пат на гандиевски методи коишто светот ги познава во борбата за слобода. Овие граѓани овде што се присутни ја испратија пораката до целата меѓународна демократска јавност дека може да падне диктатор, автократ, може чекор по чекор да паѓа и да замине без притоа да падне капка крв за неговото заминување.

влада кам

Дозволете да кажам неколку зборови коишто внимателно ги избрав токму заради вредноста којашто секој од вас ја носи испраќајќи ја таа порака на решителност, истрајност, храброст, одважност, се заради толку благословена, универзална и посакувана цел- слободата, демократијата, правдата, европските вредности да се вратат во нашата земја.

Почитувани пријатели, овој камп беше часовникот кој отчукуваше до оставката на Груевски.

Овој камп опстојуваше на дожд и на сонце.

заевд

Под секакви околности чукаше како што чука човековото срце полно со живот. На овој простор се одржа историскиот масовен обединувачки натпартиски протест. Тука граѓаните најдоа закрила на својата слобода. Тука е поставен темелот на слободата. Тука, после 9 години молк е отворена вистинска граѓанска демократска арена, во којашто на мирен, цивилизиран начин победија аргументите. Влада предводена од Груевски не може да организира уште едни избори. Следните изброи ќе ги организира нова влада што нема да ја предводи Никола Груевски.

Овој темел на слободата којшто е удрен овде. На овој простор токму пред владата нека остане простор симбол, симбол на слободата во поновата македонска историја, за да гледа секоја наредна влада, за да овој простор ја потсетува да не се дрзне, да не и падне на памет да ги уништува и гази човековите права и слободи. Да ен го прави тоа што ние сите заедно го обелоденивме со проектот Вистината за Македонија.

Потребата за да биде втемелен овој камп произлезе од потребата на граѓаните. Тоа не беше ни партиска иницијатива, ни граѓанска иницијатива мислејќи на граѓанските организации, дојде од граѓаните а се потврди со тоа што не понесе 17-ти мај. Сите знаеме каква гордост ни ги исполни душите кога видовме заедно овде и Македонци, и Албанци, и Турци, и Роми, и Срби, и Власи, и Бошњаци и сите останати етнички заедници. Кога видовме политички партии и од левата, и од десната опција, и од центарот. Ги видовме најранливите ромите, ги видовме сите ранливи и обесправени  граѓански активисти коишто се борат за правата на граѓаните. Оваа порака што ја испративме на 17-ти мај допре до цела Европа и до демократскиот свет. А ја држеше овој камп којшто помогна, денеска и Америка и Европа да знаат за исконската потреба на овој наш народ да се бори, да се бори за слобода, да се бори за демократија во својата земја.

заевл

Сиве овие 60 дена овој огромен број на граѓани беа присутни овде во кампот. Многу народ без политичка профилација и со политичка профилација беа овде. Кампот генерално го движеше граѓанскиот сектор и граѓанските организации. Прв пат се случи соработка, коалиција за одредена цел на политички партии, граѓански организации, и интелектуалци граѓани. Се заради таа возвишена цел слободата, демократијата, правдата и европските вредности. Еве денеска сме на крајот на очекувањето на исполнување на нашата задача. Рековме од овде не се мрдаме додека не видиме Груевски да поднесе оставка. Кој веруваше пред 7,8 месеци дека Груевски ќе стави свој потпис каде што тој поднесува оставка и се дефинира избор на нова влада со нов премиер кој нема да биде Груевски.

Почитувани граѓани, во целиот овој преговарачки процес којшто најповеќе вие го крепевте овде со вашата опстојчивост, трпение и верба. Овој преговарачки процес прво донесе документ  којшто со примената на препораките и спроведувањето на целото тоа што таму е запишано ќе ги врати демократските институции во Македонија. Ќе ни ја врати во нормала нашата земја, ќе ја врати и слободата и демкратијата но ќе ја врати и надежта за иднината, да ни останат и деца и внуци овде, да креираат, да создаваат за оваа наша Македонија со којашто сите ќе се гордееме и со кренато чело достоинствено по нејзината земја ќе чекориме.

Втората значајна работа ја донесе преодната влада. Преодната влада каде што директно сме вградени да бидеме гарантори на фер, слободни и регуларни избори, коишто Македонија со години ги немала.

 

11754774_10153558001427932_880231106609779646_o

ВМРО-ДПМНЕ не победувала, ги крадела изборите. Сега за прв пат ќе имаме можност да добиеме слободни, фер и демократски избори коишто ќе бидат регуларни. Јас ви гарантирам дека овој договор е само исчекор кон слободата и демократијата и силен гарант е`  кон она што на 24-ти април 2016 година ќе се случи. Вака поставени работите, обезвластен Груевски, со преодна Влада, разбудени граѓани, охрабрени, ќе се случи најсилниот пораз на ВМРО-ДПМНЕ во новата македонска историја. Ви гарантирам дека нема да знае Груевски што тоа го снашло, ќе го казнат граѓаните на Република Македонија , ќе си ја вратат татковината во свои раце.

Останува и обврската почитувани пријатели којашто овде си ја ветивме и си ја дадовме, на многу внимателен, претпазлив начин, тоа што го изградивме, а најавува поинаква Македонија, онаква каква што сите ја очекуваме, мултиетнички сплотена, заедно создадена, градена, со право секој да ја живее подеднакво. Овде ја најавивме, овде бевме сите етнички заедници. Доста беше една држава две општества, време е да создадеме една држава-едно општество, сплотени, еднакви граѓани, со еднакви права и со еднаква иднина за сите. Ова мораме да го негуваме и да го доградуваме.

Ве повикувам на градење на почит, граѓанска доверба еден меѓу друг, затоа што сите сме овде родени, татковците ни се овде родени, дедовците овде ни се родени, сакаме нашите деца и внуци да се раѓаат и да растат и да чекаат свои деца и внуци овде, под ова небо, на оваа наша земја македонска којашто е и татковина и мајковина на сите нас, без разлика на нашата етничка, верска или политичка определба.

 

Добивме, почитувани пријатели, специјален јавен обвинител, со целосна автономија да отвори истрага за се што е околу и што произлегува од материјалите од проектот Вистината за Македонија. Ќе има независен обвинител којшто ќе отвори истрага за сите тие злодела што власта ги има направено сите години наназад. Но, почитувани пријатели, ова е само исчекор кон слободата и демократијата. Постои многу значаен период пред сите нас. Сега веќе имаме силни гаранции дека ќа има слободни, фер и демократски избори.

Сите сме свесни за клиентелизмот којшто е поставен од оваа власт, режимски поставена, којашто владее 9 години. До април, 2016 година ќе се навршат приближно 10 години нејзино владеење. Ве уверувам, од она што го знам, а велат Заев со овие снимките е најинформиран човек во државата, не им е лесно ни на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, ни тие ја немаат слободата. Можеби добиле право на работно место, но и оние кои чесно ја работат зависат од некој друг тутор, диктатор, којшто и ним им ја има украдено слободата. Тие не се виновни, не знаеле што правеле во врхушката на власта. Да испратиме и од овде, од овој дел темел на слободата, пораки дека ќе градиме единство во оваа наша земја. Заедно ќе се почитуваме, заедно ќе си ја чуваме Македонија, заедно ќе се бориме, но, ќе доживееме време кога секој ќе биде политички определен, но во фер натпревар, ќе се бори на конкурентен начин за подобра иднина на заедничката наша земја.

Да им порачаме, доаѓа време кога Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе заминат од власт. Но, да не се плашат, доаѓа слободата, доаѓа демократијата, доаѓа правдата, доаѓа европската иднина на Република Македонија а таа ја заслужуваме сите граѓани на оваа наша Македонија.

Дозволете да им се заблагодарам на граѓанските организации коишто ризикуваа да влезат во коалиција со политичарите. Тоа е ризик, ние и по Устав и по Закон сме различно поставени, ризикуваа заради таа голема вредност за којашто заедно се боревме. Даваа силен придонес во овој камп.

1533629_10153459732389804_573616185_nДозволете да се заблагодарам на сите Вас коишто сте вечерва овде и поминавте денови и ноќи во овој камп, и на оние коишто вечерва не се овде а беа многу денови и ноќи тука, ја испратија слободарската порака од ова место. Благодарам, симнувам капа, Вие ја дававте храброста и решителноста за да јас ја имам честа да го водам овој проект и процес којшто ќе не донесе до конечната цел.

кам

Дозволете да споменам барем неколку имиња коишто беа овде цели 60 дена, од сите вкупно шеесет дена, мораме да спомнеме за тие наши другари. Посебна благодарност до Игор Лазаревски од Кичево, Горан Атанасовски од Кичево, до Марија Ивановска од Битола, до Војо Силјановски од Гостивар, до Роберт Синкарски од Битола, до Зоран Димовски од Битола, до Елена Калбакова од Скопје, до Виктор Петровски од Крива Паланка, до Тахир Зулмини од Маврово Ростуше, до Боби од Струмица, до Ана од Охрид, до Сашо од Скопје и до многу други наши другари коишто беа овде сите овие денови, покажувајќи упорност, трпение, одважност и решителност.

влада камп

Уште еднаш почитувани пријатели, пред да го затвориме овој камп вечерва, кампот ја исполни целта. Знам дека некои сакаат да останат уште овде, но кампот ја исполни целта. Овој темел на слободата го остава овој простор пред владата на Република Македонија да биде симбол на времето којшто ќе ја испишува поновата македонска историја, за да се памети. Секоја наредна влада, којашто ќе работи овде да гледа и да се потсетува за никогаш повеќе да не се повтори тоа што оваа власт, на чело со Груевски го правела врз Македонија и нејзините граѓани.

 

Да сте ми живи и здрави!

 

Да живеат граѓаните на Македонија!

 

Да живе слободна и демократска Република Македонија!

 

 

Слични содржини