Заев во Брисел издржа подол напад од здружената „четворка“!

од Vladimir Zorba

Заев мора да издржи, тоа значи СДСМ, како јадро за собирање на вкупната демократска јавност, иако има многу тенденции за автономност и желба за промовирање на автономни политички субјективизации во таборот на опонентите на Груевски. Тоа, само по себе, не е лошо, но подобро е ако силите против Груевски дејствуваат координирано. Досега Заев се однесуваше храбро, и добро е што го издржа последниот подол напад во Брисел од здружената „четворка“ – вели Петар Гошев во интервју за порталот Кирилица. 

Petar-Gosev-650x320_thumb_medium500_246Според него, на опозицијата и на вкупната демократска јавност одамна им е оставена само улицата, затоа што институциите се окупирани од уличари по воспитание, од клептомани по навика и професија, како и од вистински загадувачи на се што е човекова доблест. Конечно, ’улицата’, или ’плоштадите’ се демократска арена уште од зародишот на првите форми на демократијата. Кои форми ќе доминираат, зависи од нивото на демократската култура, како и од нивото на културата на елитата што ги запоседнала институциите.

Трето,вели Гошев, не сум сигурен во корисноста на терминот „радикализација“ и на формите што неговите предлагачи ги подразбираат под тој термин. Тој термин може да му користи на Груевски. Но, сигурен сум во корисноста на терминот натамошно омасовување и интензивирње на притисокот врз Груевски како и збогатување на видовите демократски притисоци, опструкции, демаскирања на неговата личност и политика. Некој може да каже: „Па зарем уште треба да се демаскира неговото лице?“ За жал, да! Од искуство знам до каде сé треба да допре некоја вистина – до кое демографско ќоше, колку е тешко навреме да биде разбрана, колку е потребно да се работи за да се охрабрат луѓето да реагираат соодветно за да се стигне до посакуваниот резултат. Не победуваат лесно тие што се во право, или што се подобри. Процесот на „освојување“ на улиците треба да продолжи, зашто на крајот сé ќе заврши со избори, а за победа против овој сатрап, кој сé уште не сака да си оди по нормален пат, и сé уште нема институција која сака да го приведе по службена должност, треба што повеќе „освоени“ улици. Не е исто кога на митинг ќе дојдат 50.000 луѓе или 100.000. Демократската јавност мора да покаже истрајност за негово соборување најмалку толку колку што тој покажува истрајност за останување на власт.

Четврто, како што гледаме, не се „освојува“ лесно ниту заслужената подршка од меѓународните партнери. Квалитетот на луѓето и институциите и кај нашите посакувани партнери, е во опаѓање. Само зголемениот домашен притисок врз власта ќе ги натера подобро да ја „проучат“ реалната состојба во Македонија, ако не толку многу поради нас, повеќе поради нив самите. Затоа, квалитетот на решението кое и тие би го поддржале ќе зависи од истрајноста и натамошното омасовување и збогатување на домашниот притисок врз криминалците, аклучува Петар Гошев .

Целото интервју со Петар Гошев прочитајте го тука

Слични содржини