Заев: Во духот европските добрососедски односи, ќе ги интензивираме разговорите со Бугарија

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев во воведното обраќање на Осмиот Форум на граѓанско општество на Западен Балкан кој денеска и утре се одржува во Скопје, во организација на Европскиот економски и социјален комитет истакна дека  сите земји членки на ЕУ ја прифатија одлуката на ЕК од март 2020 година и се согласни дека интегрирањето на партнерите од Западен Балкан во ЕУ претставува геостратешка инвестиција во мирот, стабилноста, безбедноста и економскиот раст на целиот континент и дека Западен Балкан е составен дел на Европа и геостратешки приоритет за ЕУ.

-За жал, Бугарија ја блокираше оваа одлука и таа блокада е сѐ уште активна. Искрено се надевам дека вашите пораки од овој форум ќе бидат дел од новиот импетус кој е толку неопходен во овој момент и дека на 6 октомври во Словенија ќе бидат направени потребните чекори за деблокирање на проширувањето на ЕУ

Ова го истакна премиерот Зоран Заев во воведното обраќање на Осмиот Форум на граѓанско општество на Западен Балкан кој денеска и утре се одржува во Скопје, во организација на Европскиот економски и социјален комитет. Тој истакна дека првата тема за дебата на форумот.

-Нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди, а ние, во духот европските добрососедски односи, ќе ги интензивираме разговорите со Бугарија со искрена волја да правиме чекори поблиску до решение за нашите билатерални прашања. За да се обнови довербата во проширувањето и за да се зајакнат механизмите на ЕУ за ефикасно спроведување на процесот за интеграција и за членство на своите природни сојузници од Западен Балкан, Брисел, треба без резерви да го обезбеди пристапот на политичките лидери и на претставниците на граѓанските организации од овој регион да учествуваат во активностите во рамките на Конференцијата за иднината на Европа, бидејќи Западен Балкан е нераскинлив дел од Европската Унија, истакна премиерот Заев.

Ова, нагласи тој,  е особено и суштински важно бидејќи ако остане овој статус кво, без изгледни шанси за напредок, разочарувањето од блокадата на проширувањето ќе се прошири како канцер и врз другите процеси за европеизација на земјите од Западен Балкан. Во таа насока, многу е важно, вели, да продолжат сите предвидени национални политики за Зелената агенда за Западен Балкан, како дел од Европскиот зелен договор, со поддршката од Економскиот и инвестициониот план за Западен Балкан на Европската Унија.

-Нема никакво сомневање, и во нашите политики е апсолутно прифатено дека во справувањето со заедничките предизвици и проблеми кои не се само политички, туку и економски и социјални, социјалните партнери и граѓанските организации имаат клучна и суштинска улога со нивното активно вклучување во Зелената агенда за Западен Балкан.Овој форум и натамошното вмрежување на граѓанските организации може да го даде дополнителниот придонес во градењето на капацитетите на граѓанските организации, а регионалната соработка, како и размената на експертиза, се во врвот на нашите владини политики за поддршка, рече Заев.

 

Слични содржини