Заев: Во времето на Груевски не можеше ни име на функционер да се спомне, а не да му се суди

од Nikola Popovski

На пратеничко прашање во Собранието за последниот извештај на Стејт Департментот за корупцијата во земјава, премиерот Зоран Заев изјави дека денес е направено многу за С. Македонија, но ја повика опозицијата да се вклучи во борбата против корупцијата и криминалот.

-Во времето на Груевски беше страшно. Не можеше ни име на функционер да се спомне, а не па да му се суди. Денес пред лицето на правдата не се само граѓани, туку и луѓе блиски до власта или до опозицицијата. Никогаш вака отворено во државата не се зборувало на секое ниво, рече Заев од Собранието.

-Тоа важи за тие од првиот, за тие од вториот и за било кој друг ешалон, тоа важи еднакво за сите граѓани. Имаме јасна порака до сите носители на јавни функции, до прв и втор ешалон, до државните службеници и до граѓаните – внимавајте, затоа што сега сѐ е јавно, никој нема да биде поштеден“, додаде премиерот.

Тој укажа дека денес антикорупциските активности се насочени кон секого и има судски завршници, за разлика од времињата кога никој од поранешната власт не беше повикан на одговорност.

Слични содржини