Заев: Времето на поделби заминува во истријата

од Берта Китинска

СДСМ и Движењето БЕСА го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на предвремените парламентарни избори, закажани за 12 април.

Лидерите на СДСМ и на Беса Зоран Заев и Биљаљ Касами ги усогласиле ставовите околу програмата, но носителите на изборните листи. Тие денеска потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12 април. Прв пат во историјата на независна Македонија се постигна предизборна коалиција меѓу партии на Македонците и на Албанците.

-Нашето општество се менува на подобро, граѓанскиот концепт едно општество за сите ги победува стереотипите, времето на поделби заминува во истријата. Во семејството на полнопранвните челнеки на НАТО и ЕУ не се влегуа со декларативни заложби туку со визија за сигурна иднина. На изборите во 2016 година, СДСМ  беше првата партија која со своите принципи привлече десетици илјади албански гласови. Денес го официјализираме предизборниот договор со заедничкиот мултиетнички  чекор кој го пресликуваме во конкретна кадровска програма, изјави Заев во своето обраќање.

Слични содржини