Заев за БГНЕС: „Длабоката држава“ остана во ВМРО-ДПМНЕ, имплементацијата на Договорот со Бугарија ќе биде закон

од Берта Китинска

Немаме споделена историја. Имаме заедничка историја. Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците.. Наследивме време кое не беше во прилог на пријателството меѓу нас. Југославија не подели. Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да ја градиме иднината, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС.

„Треба да создадеме позитивна атмосфера за младите да го користат ова минато како отскочна даска за подобра иднина во наредниот период. Бугарија не е фашизам, Бугарија е наш пријател. Новите генерации не ја знаат целата оваа реалност и таа мора да не обедини. И во Северна Македонија и во Бугарија, ова влијае на луѓето на многу погрешен начин. Ако некој си дозволи да ја оцрни Бугарија со ПР публикации ширум светот, тој ќе сноси одговорност.

„Длабоката држава“ остана во ВМРО-ДПМНЕ. Имплементацијата на Договорот со Бугарија ќе биде закон. РС Македонија ја потврди својата доверба во Бугарија да го заштити нашето небо. Имаше голем притисок од Турција и Италија. Но, рековме: Извинете, нашиот прв сосед е Бугарија, така што Грција и Бугарија ќе бидат двете земји што ќе го штитат нашето небо. Како шеф на владата, јас сум посветен во името на целиот македонски народ за примена на Договорот како пример. Како прво, затоа што на овој начин најдобро ќе им служам на мојот народ, но, секако, и на пријателската Бугарија. Лично, ја потврдувам нашата позиција целосно да се спротивставиме на говорот на омраза, што мора веднаш да се запре. Активистот од ВМРО-ДПМНЕ, кој го запали бугарското знаме, ќе сноси одговорност, изјави Заев  во ексклузивното интервју за агенцијата БГНЕС.

 

Слични содржини