Заев за бугарското вето: Криво ми е и ме пече во душата

од Nikola Popovski

„Дефинитвно да не може Европа да изнајде решение за ваква работа која што во моментов е меѓу нас и Бугарија е лоша порака. Проблемот е никаков“, вели премиерот Зоран Заев во интервју за „Топ тема“.

Во однос на Коридорот 8, тој вели дека е направено многу.

„Железницата ја градиме. На Бугарија и смета тоа што наводно малку сме направиле во инфраструктурната поврзаност и недоволно економскиот раст на трговијата. Во патоказот стои дека ние треба да понудиме посебен патоказ за Бугарија како еден дел од нашата обврска и тоа и го направивме“, вели премиерот Заев.

Тој исто така вели дека добил порака од Софија да намалиме со говорот на омраза.

„Криво ми е и ме пече во душата, што Бугарија ни стави вето. Отидов во Софија, иако бугарското МНР издаде соопштение ден претходно дека ќе не блокира. Сепак, јас отидов таму затоа што сме пријатели, а не непријатели“, додаде Заев.

Слични содржини