Заев за Чулев: Имаше многу грешки, побарав да си поднесе оставка

од Nikola Popovski

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев за емисијата „Клик плус“ изјави дека техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев имал многу грешки.

„Тие беа толку големи што јас побарав тој да си поднесе оставка. Јас сум резигниран, како што ми се резигнирани граѓаните на државата. Грешки има, колку повеќе бидеме одговорни и како институции и како граѓани, толку ќе бидеме со помалку бројки на заразени и починати“, рече Заев.

Според него, изборите се одржат и на 8-јули, доколку се договорат со лидерот на опозицијата, Мицкоски.

Слични содржини