Заев за дигитализацијата на образованието: Нема да дозволиме детенце да биде заборавено, затоа што е родено во сиромашно семејство

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев во врска со  повлекувањето на Законот за електронски учебници, кажа дека тоа не значи откажување, туку дополнително додавање на елементи.

„ Од прво до трето одделение продолжуваат со печатените учебници, и покрај печатени учебници, ќе пуштиме и електронски за четврто одделение. Следната година ќе бидат четврто и петто одделение, потоа 4-то, 5-то и 6-то одделени. Но, и секогаш ќе ги имаат пишаните учебници. Апелираме да дадете шанса да бидеме рамо до рамо со современиот свет. Државата сака еднаков третман на сите граѓани, особено на децата. Нема да дозволиме детенце да биде заборавено, затоа што е родено во сиромашно семејство. Комплетно ќе алоцираме пари, за децата да имаат приближно еднакви можности да управуваат со информативни технолошките средства. Верувам дека ќе најдеме средства“, вели Заев.

Слични содржини