Актуелно
Почетна / Македонија / Заев за грчките медиуми: Граѓаните во Северна Македонија покажаa дека знаат да ги наградaт тешките политички одлуки кои решаваат големи проблеми

Заев за грчките медиуми: Граѓаните во Северна Македонија покажаa дека знаат да ги наградaт тешките политички одлуки кои решаваат големи проблеми

Медиумите од Грција и регионот покажаа голем интерес за дводневната посета на премиерот Зоран Заев на Атина каде ќе говори на конференцијата на „Економист“.
-Претставниците на медиумите од Грција и од регионот покажаа голем интерес за Северна Македонија и за постизборниот период, за време на дводневната работна посета на Атина и учеството на конференцијата на „Економист“ на тема „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња“.
Во интервјуата за електронското издание на Си-еН-еН, за Топ Ченел од Тирана, за Та Неа, за Мега ТВ од Атина, за грчката програма на Еуроњуз, како и за други медиуми, истакнав дека граѓаните во Северна Македонија покажаa дека знаат да ги наградaт тешките политички одлуки кои решаваат големи проблеми, но кои се добри и од огромно значење за подобра иднина на земјата и граѓаните.
Решавањето на отворените прашања дополнително го поттикна интересот на бизнис заедниците за поголема и подинамична соработка. Како политичари должни сме да овозможиме развој на заедничките бизнис иницијативи и инвестиции.
Уште еднаш се уверив дека постои огромен интерес на сериозни и големи компании од Грција да соработуваат и да иницираат инвестиции од интерес на граѓаните на двете земји.
Ги информирав медиумите дека со мојот колега Мицотакис денеска ќе разговараме како да поттикнеме поширока соработка за подобра и попросперитетна иднина за граѓаните од нашите две земји, напиша Заев на својот Фејсбук профил.
loading...