Заев за извештајот за пожарот: Граѓаните чекаат на ова, благодарност до ОЈО

од Nikola Popovski

Благодарност до институциите што го објавија извештајот. Граѓаните чекаат на ова. Секоја дополнителна информација за нашиот народ е респонзивност на институциите. Дозволете да го видам, па после тоа ќе излезам со своја реакција, одговори премиерот Зоран Заев на тоа како би го коментирал денешниот извештај на ОЈО во врска со причините за пожарот во модуларната ковид-болница.

Според Основното јавно обвинителство, со вештачењето се утврдува дека пожарот настанал како последица од електрична куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел на дефибрилатор со кој се вршела реанимација на пациент во една од болничките соби. Прегревањето на кабелот предизвикало палење во приклучната кутија од продолжителниот кабел на кој бил приклучен дефибрилаторот, полнач за мобилен телефон и уште еден апарат.

Слични содржини