Заев за коалицијата ВМРО-АА: „Чиста Македонија и Македонци-варвари не одат заедно“

од Nikola Popovski

Во ноември ќе има развод на бракот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и АА. Слушајте ми го зборот, зборот е збор, најави премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев на вечерашниот митинг на партијата во Тетово.

Според него, „чиста Македонија и Македонци-варвари не одат заедно“.

-Народот не пие нафта. Ќе си останат во опозиција. Им порачувам на Белата палата, дека есапот на пазарот нема да им излезе. Помина времето на деструктивни сили во државата, рече Заев.

Тој ги повика граѓаните на претстојните избори за го поддржат кандидатот на СДСМ и на Колаицијата за градоначалник на Тетово, Хамдија Елезовиќ, како и советничката листа предводена од Илија, бидејќи имаат визија и конкретна програма, со реални остварливи програми.

-Со Елезовиќ и СДСМ сте на сигурно, со нив го имате Најдоброто за Тетово, порача Заев.

Слични содржини