Заев: За марихуаната, пратениците ќе го слушаат гласот на народот

Што се однесува до легализацијата на марихуаната, премиерот Зоран Заев во своето гостување на Алсат М, посочи дека гледа можност за сериозен економски потенцијал на државата и за успех во борбата против употреба на тешките наркотици.Исто така тој не даде ветување донесување на законот посочувајќи дека пратениците ќе го слушаат гласот на народот.

Како што посочи премиерот, при евентуалната имплементација на законот, најпрвин тој би почнал да се применува на определени подрачја на државата:

„Прво ќе биде во туристичките центри. Јас ги спомнав: Охрид, Струга, Ресен, Дојран, Маврово, Берово, но и Скопје е голем туристички центар…во едни такви околности би можеле да одиме прво со кафетериите, потоа би можеле да го легализираме и секаде, под исполнети услови, но и тоа ќе зависи од дебатата. Граѓаните може да одлучат да не се дозволи, може да се дозволи делумно…Јас би одел чекор по чекор за да бидеме повнимателни“, истакна Заев.

Слични содржини