Заев за предлогот на Трајанов: Одморен човек може да биде поефикасен

од Берта Китинска

„Правото на одмор е вистинско право, одморен човек може да биде поефикасен. Пратениците заминуваат на одмор по 2 август. Парламентот може да донес нова одлука тој е над владата, јас не одлучувам , но лично ќе користам 10 дена годишен одмор“, вели премиерот Зоран Заев во врска со предлогот на Демократскиот сојуз пратениците и министрите во текот на јули и август наместо на одмор да  работат.

Од партијата сметаат дека летниот период треба да се искористи и за изградба на заокружен и ефикасен систем за борба против тешките облици на криминал и високата корупција, борба против урбаната мафија и мафијата која и натаму остварува високи профити со продажба на канцерогени нафтени деривати, како и депонирање на опасен отпад.

Слични содржини