Заев за протестите за 27 април: Да организираат собир или е забеганост или сооучество

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев на денешното официјално отворање на фабрика „Гересхајмер“ во Технолошко индустриска развојна зона Скопје 2, Бунарџик, во врска со собирите за 27 април, изјави дека протестот на луѓе кои сакаат да убиваат пратеници и новинари е забеганост или сооучество.

-Моите лузни што ги носма ме потсетуваат  како еден од учесниците на непосакуваните настани. И повторно ќе порачан „Никогаш ова да не се повтори“.Тој 27 април 2 часа и 15 минути беше како цел еден век јас колегите и новинарите чекавме да ги изгубиме животите.Денеска да се организираат собир за луѓе кои сакаа да убиваат и ликвидираат новинари, камермани и пратеници е или забеганост или сооучество ништо друго. Застрашувачки  е да го видите лидерот на опозицијата прв меѓу поддржувачите на луѓето кои се правосилно осудени кои се обида да ве убијат, изјави Заев.

Слични содржини