Заев за разговорот со Хајндл: Нема конкретни резултати, ова се почетни средби

од Vladimir Zorba

„Ништо конкретно не се договоривме, ова се почетни разговори“, изјави по 45-минутната средба со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл, лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

13228168_10206572082797140_611335085_n

Веднаш по Заев, на средба со Хајндл пристигна претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во придружба на шефот на кабинетот, Артан Груби, и на градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. По средбата со Ахмети, Хајндл ќе се сретне и со првиот човек на ДПА, Мендух Тачи.

Посетата на Македонија ќе заврши со средба со евроамбасадорот Аиво Орав.

Инаку, вчера Хајндл се сретна со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, американскиот амбасадор во земјава, Џес Бејли, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски./извор Мета

Слични содржини