Заев за Шекеринска: Европските социјалдемократи и социјалисти добиваат квалитетно засилување

од Stefanija Kuzmanovska

Европските социјалдемократи и социјалисти добиваат квалитетно засилување во раководната структура. Нашата другарка Радмила Шекеринска е избрана за потпретседателка на Партијата на европски социјалисти (Party of European Socialists), за што треба да сме горди сите ние како социјалдемократи, но и сите македонски граѓани, порача поранешниот премиер и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

„Ова е голема чест за СДСМ и за Северна Македонија бидејќи претставува потврда на квалитетите на Радмила и потврда на сите успеси кои заедно со СДСМ и со граѓаните и ги донесовме на нашата држава. Радмила Шекеринска, честитки, заслужено“, истакна Заев.

Слични содржини