Заев за субвенциите за вработување на малцинствата: Ќе се вработуваат и Македонци

од Vladimir Zorba

Во владината програма точно е прецизирано дека Владата ќе го поттикне и ќе соработува со бизнис секторот за да се поддржат добрите меѓуетнички односи и меѓусебната доверба. Целта е меѓу другото да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага земјата. Тоа е особено важно за да зборуваме за промена на свеста кај секој од нас и отфрлање предрасуди од кој било тип, со цел секој еден квалитетен кадар да биде соодветно ангажиран, за да дадеме максимум придонеси во нашето општество.

Ова е пораката од премиерот Зоран Заев на заедничката пресконфереција со министерката за образование и наука Мила Царовска, на која беше презентирана Националната платформа за учење од далечина, како одговор на новинарско прашање за најавените субвенции за компании за вработување на малцинствата.

– Субвенции ќе има по работни места, ќе имаат предност квалификуваните работници или граѓаните, така што верувам дека во духот на општество ориентирано кон граѓаните ќе ја реализираме и оваа програмска определба на Владата, исјави Заев.

Премиерот Заев најави дека субвенциите ќе има и за Македонците, за Албанците, за Турците, за Србите и за Власите, Ромите, Бошњаците, за сите во нашата земја, подвлече, и тие ќе бидат еднакво организирани за сите граѓани.

– Не само преку делот на субвенции и поддршка на отворање на фабриките, туку и преку Законот за стратешкитие инвестици. Разговараме за неколку стратешки инвестиции, како што е ставање во функција преку стратешки партнер на тутунскиот комбинат во Куманово за да ја реактивираме дејноста на тутунот „Отља“, како се вика самата класа на тутунот што се изработува, но и да се вработат граѓаните на целиот кумановски регион. Таму ќе се вработат и Албанци и Срби и Македонци, пред се во нивната квалификација, но регионот има најмногу невработени
во државата и таму ќе алоцираме средства, појасни Заев.

Слични содржини