Заев за цената на струјата: Не можам да гарантирам, Мицкоски може да блокира одредени закони

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев на прашањето дали може да гарантира дека поскапувањето на електричната енергија нема да се случи тој изјави дека не зависи се од него.

-Не можам да гарантирам зошто Мицкоски може да блокира одредени закони повторно во Собранието. Сите работи не зависат од мене, но дефинитивно агендата е устроена и државата има стратегија за меко спуштање на цените на либерализација на пазарот. Ние како земја треба да направиме се да не дојде до покачување на цената. ДДВ-то од 18 на 5 проценти на сметките за потрошената електрична енергија од први јули, рече Заеводговарајќи на новинарско прашање по повод доделување на првите договори за инфраструктурни проекти на 23 општини од ТАВ-програмата.

Слични содржини