Заев за венчавката на Богдановиќ: Ако имало порака на провокација, јас ја осудувам

од Берта Китинска

Премиерот Зоран Заев на прашање за тоа дали ќе бара одговорност од градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ  кој викендво правеше свадба во Косово, во врска со испратените пораки премиерот рече дека Северна Македонија ги поддржува своите соседи и  дека доколку постоеле  провокации ги осудува .

„Ги читав изјавите на Саша Богдановиќ градоначалникот на општина Центар тој се поврзува со неговите верувања  и јасно кажа дека тука не му е забрането, да направи свадба, но заради историската поврзаност тој со својата избраничка ја направи прославата и се венчаше  во Косово.Тој тврди дека се оградува од поединци кои присуствувале на нивниот венчален момент. Ако имало порака на провокација, јас ја осудувам. Ние сме авангарда за „Едно општество за сите.Ние нашите соседи ги поддржуваме“, изјави Заев.

 

 

Слични содржини