Заев заминува, Ковачевски ќе ја преземе функцијата премиер

од Берта Китинска

Собранието вчера ја избра новата влада предводена од премиерот Димитар Ковачевски.

„За“ гласаа 62 пратеници, против новата влада се изјаснија 46 пратеници. Вкупно гласале 108 пратеници.

Новата Влада на Димитар Ковачевски брои 21 член. СДСМ и коалицијатата ќе имаат 12, ДУИ шест, а Алтернатива тројца министри. Нов вицепремиер за европски прашања е Бојан Маричиќ, Славјанка Петровска ќе раководи со Министерството за одбрана, Никола Тупанчевски е министер за правда, Славица Грковска вицепремиерка проти корупција, Оливер Спасовски останува во МВР, Љупчо Николовски е во ресорот земјоделие, Фатмир Битиќи останува вицепремиер за економски прашања, Јована Тренчевска министерка за труд и социјала, Благој Бочварски во транспорт и врски, Бисера Костадиновска е новата министерка за култура и Горан Милевски од ЛДП во локална самоуправа.
ДУИ ги задржува ресорите освен рокадата на Јетон Шаќири од ресорот информатичко општество во ресорот образование. Артан Груби прв вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими министер за финансии, Бујар Османи во ресорот надворешни работи, Крешник Бектеши економија, Насер Нуредини во животна средина.
Алтернатива ќе раководи со ресорот здравство каде нов министер е Беким Сали, Адмирим Алити ќе биде прв човек на МИОА, а Џемаил Чупи министер без ресор задолжен за дијаспората.

Денеска во 9 часот во Владата е закажано примопредавањето на функцијата премиер од Зоран Заев на Димитар Ковачевски.

Слични содржини